Награда ДЕНЕС/ DENES Award

/ For English scroll below/

ИСТОРИЈАТ НА НАГРАДАТА ДЕНЕС  – Македонија

Организатори: Центар за современи уметности – Скопје, и ФРУ – Факултет за работи кои не се учат – Битола/Скопје

Центарот за Современи уметности – Скопје, во соработка со Фондацијата за отворено општество во Њујорк, почнувајќи од 2002/2003 г. се основачите на годишната награда за млад визуелен уметникот до 35 години во Македонија. Првичното жири на награта одлучи да и го даде името по истакнатата уметничка група ДЕНЕС, која постоела во Македонија во периодот од 1953 – 1955.

Од 2015 г, организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат се вклучи како партнер – организатор на наградата во Македонија, која оттогаш се доделува секоја втора година на млад визуелен уметник до 35 години. Дополнително, оваа меѓу-година ФРУ ќе организира јавна програма, односно серија на настани со цел да се зајакне и поттикне едукацијата на младите визуелни уметници во земјата.

Идејата на проектот е базирана на недостатокот на можности за уметниците во Македонија, и непостоењето на вакви награди, заедно со потребата да се изложи современата уметност во Македонија на пошироката публика во Македонија и во странство.

Основањето на оваа награда нуди можност за една компетитивна структура и го подобрува дијалогот помеѓу институциите и младите уметници. Наградата ја постигнува својата цел преку изложувањето на креативноста на младите кон пошироката публика, и нуди нови можности за учество на младите автори, вклучувајќи и голем број на уметнички институции и професионалци во двегодишен непристрасен процес на рефлексија и одлучување.

Процесот на наградување се состои од неколку чекори:

-Селекција на четворица наградени уметници;

-Групна изложба на четворицата финалисти;

-Резиденција во Њујорк за првонаградениот

Методот на селекција е поделен во две фази:

-Отворен повик и номининирање од страна на истакнати критичари и уметници од Македонија

-Објавување на победниците, откако жирито на наградата ќе ги разгледа номинациите.

Оваа награда е дел од интернационалната мрежа на награди насловена Програма за награди на млади визуелни уметници (YVAA) во Централна и Југоисточна Европа.

Наградата за млад визуелен уметник е основана со основањето на наградата „Јиндрих Чалупецки“ во 1990 г. во Чехословачка под закрила на претседалот Вацлав Хавел за да оддаде признание на уметничката изврсност на младите визуелни уметници и да им овозможи искуство на резиденцијален престој во САД, со цел да се подобри улогата на културата во демократизацијата и цивилното општество. Оваа мисија и програмска рамка – да се промовира современата уметност, да се негува културната размена и да се градат капацитетите на локалните уметнички невладини организации под покровителство на Фондацијата за култура и општество (првично Фондација за отворено општество) – го поттикнала вклучувањето на останатите десет награди кои се дел од мрежата YVAA во регионот. До денес, наградата се доделува во: Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Бугарија и Албанија. Во секоја од овие земји, мрежата работи во партнерство со некоја локална невладина организација на Програмата на награди за млади визуелни уметници (YVAA – http://www.yvaa.tumblr.com/) во текот на неколку години беше установена како интернационална мрежа на слични награди со поддршка од американската фондација Trust from Mutual Understanding, a US foundation.

Во 2015 година организацијата Residency Unlimited (RU) беше ангажирана како организатор на  програмата и како домаќин на двомесечната резиденцијална програма во Њујорк. Фондот за глобално разбирање од Њујорк, не само што се погрижи за финансиската поддршка за програмата,  туку и работи на нејзината визија, напредок и постигнувања.

yvaa.tumblr.com

residencyunlimited.org

 

Добитници на наградата „Денес“ за млад визуелен уметник до 35 г.

2003 Добитник: Славица Јанешлиева

Музеј на современа уметност, Скопје

Финалисти: Славица Јанешлиева, Андреј Митевски, Ирена Паскали, Ана Стојковиќ

 

2004 Добитник: Група ОПА (Опсесивна Посесивна Агресија)

Музеј на Македонија, Куршумли Ан, Скопје

Финалисти: Оливер Мусовиќ, Љубомир Милошевски, Христина Иваноска, Јане Чалоски

 

2005: Добитник: Далибор Тренчевски

Музеј на Македонија, Куршумли Ан, Скопје

Финалисти: Далибор Тренчевски, Гордана Даутовска Поповска, Ведран Бојановски, Тихомир Топузовски

 

2006 Добитник: Атанас Ботев

 Музеј на Македонија, Куршумли ан, Скопје

Финалисти: Атанас Ботев, Методи Андонов, Марија Ветероска, Александра Петрушевска

 

2007 Добитник: Борис Петровски

Музеј на современа уметност Скопје

Финалисти: Борис Петровски, Велимир Жерновски, Верица Ковачевска, Никола Узуновски

 

2008 Добитник: Ана Ивановска

Музеј на град Скопје

Финалисти: Ана Ивановска, Славчо Спировски, Тихомир Топузовски, Неда Фирфова

 

2009 Добитник: Ѓорѓе Јовановиќ

Музеј на град Скопје

Финалисти: Ѓорѓе Јовановиќ, Ана Мишева, Зоран Попоски, Кристина Хаџиева

 

2010 Добитник: Кристина Божурска

Музеј на град Скопје

Финалисти: Кристина Божурска, Љубиша Камењаров, Маја Кировска, Зорица Зафировска

 

2011 Добитник: Илија Прокопиев

Музеј на град Скопје

Финалисти: Ели Аионска – Христовска, Илија Прокопиев, Благојче Наумовски – Бане, Филип Јовановски

 

2012 Добитник: Велимир Жерновски

Сули Ан, Скопје

Финалисти: Ели Чочова, Никола Радуловиќ, Иван Ивановски, Велимир Жерновски

 

2013 Добитник: Филип Јовановски

Младински Културен Центар, Скопје

Финалисти: Зорица Зафировска, Дарко Алексовски, Марко Манев, Филип Јовановски

 

2014 Добитник: Иван Ивановски

Мобилна/монтажна галерија, Скопје

Финалисти: Ефемерки (Драгана Заревска и Јасна Димитровска) Дарко Алексовски, Горан Менков, Иван Ивановски

 

2016 Добитник: Зорица Зафировска

Национална галерија на Македонија, Чифте амам, Скопје

Финалисти: Драгана Заревска, Маја Кировска, Ана Јовановска, Зорица Зафировска

 

Информации за партнерите – организатори на наградата „Денес“

Центарот за современа уметност – Скопје е организација која работи во полето на културата, регионалната соработка, образованието и градењето на капацитети од 1999 г, кога е основана како независна невладина организација.

ЦАЦ – Скопје е непрофитен културен центар кој се занимава со прашања од областа на културата, културната децентрализација и развој. Главните цели на ЦАЦ – Скопје се да иницира активности со цел подобрувањето на генералното ниво на културата и уметноста во Македонија; да помогне во создавањето на одржлива културна сцена во земјата; да го подобри квалитетот на културниот живот во Македонија и да создаде основа за децентрализација на општествениот и културен живот.

Во последните неколку години ЦАЦ – Скопје работи на развој на руралните заедници, организација на мобилни селски кина, културни лета во руралните региони, уметнички изложби, работилници од полето на уметноста и културното наследство, проекти за зачувување, со акцент на инклузија и ангажман на локалното население во активностите.

Генералната цел е да се овозможи слобода на говор, да поттикне културниот живот, да се промовира културен и етнички диверзитет и да се придонесе кон децентрализацијата на културата, како и на развојот на културниот и општествениот живот во руралните региони на западниот Балкан.

Центар за современи уметност – Скопје

Адреса: бул. Гоце Делчев, ДТЦ Мавровка Ламела А

1/10 1000, Скопје, Македонија

www.cac.org.mk

Tел/факс: +389 2 3133 541

e-mail: scca@scca.org.mk

Тимот на ЦАЦ

Анита Ивковиќ

Директор

anita@scca.org.mk

Никола Писарев

Проектен менаџер

nikola@scca.org.m

 

Здружението за уметност и култура ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје е замислено како отворена едукативна и продукциска платформа во полето на современата уметност и култура, со фокус на култивирање на критичко, ангажирано и активно учество на граѓаните во политичкиот, општествен и уметнички контекст во различни средини.

Идејата за факултет или едукативна програма која се состои од нешта/субјекти/часови кои не се учат но се иманентни за човечкото секундарно знаење инсистира на принципот на делење, соработка, само-организирање и заедничко учење. Основана е во 2003 г, како платформа преку која неколку уметници и студенти по театар, визуелни уметности и архитектура можат да продуцираат настани од областа на современата уметност и култура.

ФРУ ги базира своите активности на:

  1. ЈАВНА ПРОГРАМА чија цел е создавање на отворена и критичка практика во земјата, која ги адресира прашањата на недостаток на млади, информирани и образовани луѓе и публика, како и потребата за дијалог помеѓу уметниците и публиката, во полето на ангажираната граѓанска култура преку алтернативно образование и нови хибридни форми на акција. Оваа програма исто вклучува и издавање и презентација на публикации со релевантни тези и теми за областа на современата уметност и култура.
  1. АКТО фестивалот за современи уметности (кој за првпат се одржа во Битола, 2006) се истакната како сериозен партнер во промовирањето и продукцијата на нови форми на влијание врз јавната свест, локално и регионално, како и во воведувањето нови начини на вклучување на волонтери и млади луѓе кои гравитираат околу, учат и помагаат за време на фестивалот. АКТО соработувал со неколку регионални организации во проектни партнерства, и досега имал 11 изданија, каде учествувале околу 600 уметници. Оваа година, АКТО, обновен и ребрендиран како ПОП АП АКТО, се одржа во 4 града (Битола, Скопје, Штип и Тетово) и соработуваше со повеќе од 250 учесници, 30тина партнери, имаше околу 70 волонтери и вкупно публика од околу 10 000.
  1. Наградата за млад визуелен уметник – ДЕНЕС во Македонија (коорганизатор заедно со ЦАЦ – Скопје) на која се работи заедно со партнерите Тrust for Mutual Understanding и Residency Unlimited od Њујорк. Организацијата, во периодот од 12 години откако е создадена, учествувала во неколку регионални платформи во полето на современата уметност и култура, остварила плодна соработка со голем број на интернационални фестивали, како Perforacije (Загреб) и Culturescapes (Базел); била дел од неколку мрежи како BCC – Balkan Can Contemporary и Urban Hum (Урбани зуења), проектот Документарно везење, како и долгогодишните проекти Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност, Култура за граѓански промени, Кога зградите би можеле да зборуваат, итн.

ФРУ – Факултет за работи што не се учат, Битола/Скопје

Адреса: Христо Узунов 3Е

7000 Битола, Македонија

akto-fru.com

Tel. +389 70 700 998 + 389 70 905 212

Тимот на ФРУ:

Филип Јовановски

Уметнички директор и уметник

filipsj@gmail.com

Ивана Васева

Програмски директор и куратор

ivana.vaseva@gmail.com

 

Лице за контакт и координатор на јавната програма за наградата „Денес“:

Ивана Васева

+389 (0)70 905 212 ivana.vaseva@gmail.com

///////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////

HISTORY OF DENES AWARD – MACEDONIA

Organizers: Contemporary Art Center – Skopje, Macedonia and FRU – Faculty of things that can’t be learned, Bitola/ Skopje

The Contemporary Art Center – Skopje, in collaboration with the Foundation for Civil Society in New York, has, since 2002/2003, established an annual award for young visual artist in the Republic of Macedonia under 35. The first award jury decided to name the award DENES, aſter the renown artistic group that existed in Macedonia from 1953 – 1955.

Since 2015 the organization FRU – Faculty of things that can’t be learned joined as co-partner organizer of the Award in Macedonia and from then it is given every second year to young visual artist up to 35.  Furthermore, in the year without award FRU organizes Pubic Program or series of events with an intention to strengthen and empower the education of the young visual artists in the country.

The rationale of the project is based on the lack of this kind of opportunities for artists in Macedonia, the non-existence of such awards, as well as the need to expose contemporary Macedonian art to a wider audience in Macedonia and abroad.

The establishing of this award creates a competitive structure and strengthens discussions among institutions and young artists. The award achieves its purpose by exposing creativity of youths to a wider audience, offering of new opportunities to participating artists, and including a number of various fine art institutions and professionals in a biannual and impartial process of reflection and decision making.

The awarding process is comprised of several steps:

– Selection of 4 awarded artists;

– Group exhibition of the 4 awarded artists;

– Residency in USA for the first awarded.

The method of the selection was divided in two phases:

– Open Call as well as submission of nominations, by renowned art critics and artists from Macedonia

– Announcement of the winners, aſter the award jury has reviewed all nominations.

This award is part of the international network of awards titled The Young Visual Artists Awards program (YVAA) in Central and South Eastern Europe.

The Young Visual Artists Award program was established with the creation of the Jindrich Chalupecky Award in 1990 in Czechoslovakia, under the aegis of President Vaclav Havel, Wendy Luers, and a group of dissident artists, to recognize artistic accomplishment and promise by providing artists with a US residency, with the aim of underscoring the role of culture in democratization and civil society. This founding mission and programmatic framework – to promote contemporary art, foster cultural exchange, and build capacity of local art NGO’s led by The Foundation for Culture and Society (formerly The Foundation for a Civil Society) – has guided the creation and inclusion of the other ten awards that comprise the YVAA network in the region. To date there are awards in the countries: the Czech Republic, Slovakia, Slovenia, Croatia, Serbia, Bosnia and Herzegovina, Macedonia, Kosovo, Albania and Bulgaria.

In each of these countries, YVAA operates in partnership with a local nongovernmental institution to conduct an open call and transparent annual or biannual competition and curated exhibition, through which an independent and international jury selects a young visual artist, under 35, as the winner and recipient of a US residency.

As of 2015, Residency Unlimited (RU) has assumed leadership of the YVAA program and will host the artists for two month residencies in New York. The Trust for Mutual Understanding has provided not only financial support for the YVAA program but has stewarded its vision, advancement, and achievements.

yvaa.tumblr.com

residencyunlimited.org

 

THE WINNERS OF DENES AWARD FOR YOUNG VISUAL ARTIST UP TO 35:

2003 Winner: Slavica Janeshlieva

Museum of Contemporary Art, Skopje

Finalists: Slavica Janeslieva, Andrej Mitevski, Irena Paskali, Ana Stojkovic

 

2004 Winner: Group OPA (Obsessive Possessive Aggression)

Museum of Macedonia, Kurshumli an, Skopje

Finalists: Oliver Musovik, Ljubomir Miloshevski, Hristina Ivanoska, Jane Chaloski.

 

2005 Winner: Dalibor Trenchevski

Museum of Macedonia, Kurshumli an, Skopje

Finalists: Dalibor Trenchevski, Gordana Dautovska Popovska, Vedran Bojanovski, Tihomir Topuzovski

 

2006 Winner: Atanas Botev

Museum of Macedonia, Kurshumli an, Skopje

Finalists: Atanas Botev, Metodi Andonov, Marija Veteroska, Aleksandra Petrushevska

 

2007 Winner: Boris Petrovski

Museum of contemporary art Skopje

Finalists: Boris Petrovski, Velimir Zernovski, Verica Kovacevska, Nikola Uzunovski

 

2008 Winner: Ana Ivanovska

Museum of the city of Skopje

Finalists: Ana Ivanovska, Slavco Spirovski, Tihomir Topuzovski, Neda Firfova

 

2009 Winner: Gjorgje Jovаnovic

Museum of the city of Skopje

Finalists:  Gjorgje Jovanovic, Ana Misheva, Zoran Poposki, Kristina Hadzieva

 

2010 Winner: Kristina Bozurska

Museum of the city of Skopje

Finalists: Kristina Bozurska, Ljubisa Kamenjarov, Maja Kirovska, Zorica Zafirovska

 

2011 Winner: Ilija Prokopiev

Museum of the city of Skopje

Finalists: Eli Aionska – Hristovska, Ilija Prokopiev, Blagojce Naumoski – Bane, Filip Jovanovski

 

2012 Winner: Velimir Zernovski

Suli- an, Skopje

Finalists: Eli Chocova, Nikola Radulovik, Ivan ivanovski, Velimir Zernovski

 

2013 Winner: Filip Jovanovski

Youth Cultural Center, Skopje

Finalists: Zorica Zafirovska, Darko Aleksovski, Marko Manev, Filip Jovanovski

 

2014 Winner: Ivan Ivanovski

Mobile/ montage Gallery, Skopje

Finalists: Ephemera (Dragana Zarevska and Jasna Dimitrovska) Darko Aleksovski, Goran Menkov, Ivan Ivanovski

 

2016 Winner: Zorica Zafirovska

The National Gallery of Macedonia – Cifte amam, Skopje

Finalists: Dragana Zarevska, Maja Kirovska, Ana Jovanovska, Zorica Zafirovska

 

INFORMATION ABOUT THE PARTNER ORGANIZATIONS OF DENES AWARD

Center for contemporary arts – Skopje is an organization that has been contributing to the fields of Culture, Regional Cooperation, Education and capacity Building, since 1999, when it was established as an independent nongovernmental institution.

CAC – Skopje is a non-profit cultural centre dealing with issues of culture, cultural decentralization and development. The main aims of CAC – Skopje are to initiate activities in order to improve the general level of art and culture in Macedonia; to establish a sustainable cultural scene in the country; to improve the overall cultural life in Macedonia and to create a ground for de-centralized social and cultural life.

For the last several years, CAC – Skopje has been working on the development of rural communities, the organization of mobile village cinemas, cultural summers in the rural regions, art exhibitions, workshops in the fields of culture and living heritage, preservation projects, with the emphasis on the inclusion and engagement of locals in the activities.

Its overall aim is to enable  freedom of expression, to stimulate the animation of cultural life, to promote cultural and ethnic diversity, to contribute to the decentralization of culture and to engage in the development of cultural and social life of rural regions of Western Balkans.

Contemporary Arts Center – Skopje

Address: bul. Goce Delcev, DTC Mavrovka Lamela A 1/10

1000 Skopje, Macedonia

www.cac.org.mk

Tel./fax: +389 2 3133-541

e-mail: scca@scca.org.mk

Team of CAC:

Anita Ivkovik

Director

anita@scca.org.mk

Nikola Pisarev

Project manager

nikola@scca.org.mk

 

The organization for art and culture FRU – Faculty of things that can’t be learned from Bitola/Skopje is devised as an open educational and production platform in the field of contemporary art and culture, with a distinct focus on cultivation of critical and engaged relations and active participation of citizens to the political, social and artistic context in different environments.

The idea of the faculty or an educational platform which is consisted on things/ subjects/ classes that cannot be learned but are immanent of human’s optional knowledge insists on the principle of sharing, collaboration, self organization and mutual learning.

It was established in 2003 as a platform of several artists, theatre, visual arts and architecture students for production of contemporary arts and culture events.

FRU bases its activities on:

  1. PUBLIC PROGRAM aimed at creating open and critical practice in the country that addresses the issue of deficiency of informed and educated young people and audience and the need for a dialogue between the artists and the audience in the field of civic engaged culture through alternative education and new hybrid formats for action. This program also includes publishing and presentation of publications on theses and topics relevant in the field of contemporary art and culture.
  1. AKTO Festival for contemporary arts (started in Bitola, 2006) that has imposed itself as a serious partner in promoting and producing new forms of influence on the civil consciousness, locally and regionally as well as introducing ways of including volunteers and young people that gravitate, learn and help the festival. AKTO has been cooperating with several regional organizations in partnership projects, executing 11 editions so far, with the participation of about 600 artists. This year AKTO, renewed and rebranded under POP UP AKTO, was created in 4 cities (Bitola, Skopje, Shtip and Tetovo) and collaborated with around 250 participants, 30 partner entities, including 70 volunteers, and around 10 000 people audience.
  2. DENES Young Visual Artist Award in Macedonia (co-partner with CAC – Skopje) which is done with the partners Trust for Mutual Understanding and Residency Unlimited in NY.

The organization, in the scope of the 12 years since it was established, has taken active part in several regional platforms in the field of contemporary art and culture,  has realized a fruitful colaboration with a number of international festivals, such as Perforacije (Zagreb) and Culturscapes, (Basel); has been a part of networks, such as the BCC – Balkan Can Contemporary and Urban Hum, the Dokumentarno vezenje (Documentary Embroidery) project, as well as long-term projects such as Listening to the Audience, Living libraries: archives of civil disobedience, Culture for civil changes, If buildings could talk, etc.

FRU – Faculty of things that can’t be learned, Bitola/ Skopje

Address: Hristo Uzunov 3E

7000 Bitola, Macedonia

akto-fru.com

Tel. +389 70 700 998

+ 389 70 905 212

Team of FRU:

Filip Jovanovski

art director and artist

filipsj@gmail.com

Ivana Vaseva

program director and curator

ivana.vaseva@gmail.com

 

Contact person and coordinator of the Public Program of the DENES Award:

Ivana Vaseva

+389 (0)70 905 212

ivana.vaseva@gmail.com