КЗГП/Култура за граѓански промени

Проектот „Култура за граѓански промени“ на организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје се базира на ставот дека културата и уметноста придонесуваат, го обликуваат општеството и го менуваат во позитивна насока. Тие не се негова кулиса или блед и површен репрезент без никаква комуникација со секојдневните случувања и со општествените и полотички околности. Токму затоа проектот потенцира дека културата и уметноста имат политичка моќ и дека развивањето на креативното дејствување го стимулира поединецот појасно да ги артикулира своите проблеми и поинвентивно да дејствува кон нејзино решавање.

Во таа смисла проектот се фокусира на директна работа и вклучување на граѓаните со целиот свој креативен капацитет во продукција на неколку јавни културно уметнички настани кои содржински но и структурно ќе ја потенцираат доминантната локална проблематика. Преку формата на уметноста, овие настани имаат за цел да влијаат врз општествениот политички и социјален контекст и ќе овозможат на поефективен начин да се активираат граѓаните и со тоа полесно да влијаат на нивните локални проблеми.

До сега се продуцираа три истражувачко – уметнички проекти како К.У.Ц. Текстил (Културно уметнички центар Текстил) во Штип инициран како уметнички проект на Филип Јовановски, куриран од Биљана Тануровска Ќулавковси во соработка со Ивана Васева. Проектот К.У.Ц Текстил беше партерски инициран во соработка со иницијативата за заштита на правата на текстилните и кожарски работници ГЛАСНО од Штип кој во процесот на работа веќе преминува во платформа за развој на уметнички и социјални практики.

Проектот„Култура за граѓански промени“ е покренат од организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат, Битола/ Скопје одвивајќи се во периодот од јули 2015 до јули 2016 год. Тој беше поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија. Партнери на проектот се: Плоштад Слобода – Скопје, Центар за современи уметности – Скопје, Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата – Скопје и Фондација за развој на локалната заедница – Штип.


 

КУЦ (Културно уметнички центар) ТЕКСТИЛ Штип
Уметнички проект на:
Филип Јовановски во соработка со организацијата ГЛАСНО (Кристина Ампева, Горан Трајков, Денис Ампев, Елена Трајков-Арсева, Лазе Арсов), Кристина Костова, Кристијан Панев, Владимир Лукаш).
Кураторка на проектот: Билјана Тануровска – Ќулавковски
Стручна соработничка: Ивана Васева

КУЦ Текстил е културно уметнички центар кој има за цел да организира активности кои се осмислени во соработка со повеќе штипјани и во насока на третирање на теми кои се поврзани со локалната индустриска гранка – текстилот.
Главната оска на овој центар, која го придвижува неговото функционирање е двонеделната програма која обликува уметнички концепт замислен од уметникот Филип Јовановски. Оваа програма вклучува повеќе дискусии за работнички права и формите на синдикално здружување, работилници за деца, дискусиони средби, музички настани и друго и преку неа се обидува да поттикне платформа за размислување и споделување искуства и да создаде релации.
Една од главните активности на центарот е и работењето на организацијата „Гласно“ која се обидува да ги промовира, поттикнува и анализира правата и начините на организирање на текстилните работници во Штип и штипско со цел подобрување на нивните работнички и животни права.

Структура на организирање на КУЦ ТЕКСТИЛ (Во КУЦ Текстил ќе бидат сместени канцелариите на организацијата ГЛАСНО):

Координатор на целиот проект: Филип Јовановски
Локални координатори на проектот: Кристина Костова и Кристијан Панев
Менаџер на просторот: Горан Трајков и Кристина Ампева

Културно уметнички центар Текстил-Штип, е дел од проектот КЗГП (Култура за граѓански промени) на организацијата Факултет за работи што не се учат во партнерство со организациите: Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, Скопје, Фондација за развој на локалната заедница, Штип, Плоштад Слобода , Скопје, Центар за современи уметности, Скопје.

Филип Јовановски / биографија/ види КОНТАКТ

Гласно е здружение на граѓани на текстилните и кожарски работници ТИВКОТО МНОЗИНСТВО – ШТИП
Здружението има за цел да се бори за унапредување на правата на текстилните и кожарските работници.
Визија: Граѓаните да се здружени во здружениja поради остварување на поширок заеднички опшествен интерес.
Мисија: Да биде лидер во промовирање и охрабрување на работници од тивко мнозинство да преминат во гласно се со цел надминаување на децениските проблеми .
Основни цели и задачи на Здружението се:
1.Професионално и транспаретно а воедно и оттчетни во вршење на своите обврски како здружение спрема сите актери и чинители во Опшеството.
2. Подигнување на свеста меѓу релевантните актери во текстилната и кожарската индустрија
3. Запознавање на работниците од текстилната и кожарската индустрија со основните принципи на
професионалната етика за обезбедување на поквалитетна работна атмосвера и правни совети за сите работници од текстилната и кожарската индустрија во Македонија.
4. Воспоставување на систем за интегрирање работниците од текстилната и кожарската индустрија.
5. Подобрување на соработката на релевантните институции во областа на унепредување на работничките права на социјален економски и опшествен план.
6. Подобрена афирмација на работата на организацијата
7. Воспоставување на стандарди за квалитет на помошта и услугите кои ги нудат претставниците и работодавчите и работниците на текстилната и кожарската индустрија во Република Македонија согласно домашните и меѓународните стандарди и стандардите на Европската Унија
Претседател на здружението е Кристина Ампева, Горан Трајков е граѓански активист член на Гласно.


 

Потоа проектот КАКО МОЈОТ ЖИВОТ СТАНА КУЛТУРЕН РАБОТНИК , кој беше прикажан во форма на истражување околу правата на културните работници во форма на предлог закон за промена/дополнување на законот кој би ги регулирал професионалните права на културните работници и во форма на перфромативно предавање во авторство на Биљана Тануровска Ќулавковси и Ивана Васева и соработка со теоретичарот на современ танц, Рок Вевар од Словенија.

Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја завземаат сцената
предавање/ презентација на Биљана Тануровска Ќулавковски и Ивана Васева
06 јули 2016 (среда)
Кино Култура, Скопје
19.30 часот

„Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја завземаат сцената“ е предавање/ презентација на Биљана Тануровска Ќулавковски и Ивана Васева кое ќе се одржи во Кино Култура, Скопје во среда (06.07.2016) во 19.30 часот.

Недостатокот од работни услови кој продуцира своевиден кршлив, непостојан, несигурен или прекаријатен начин на работа како и постојаната преокупација со професионалните ангажмани за кои никогаш нема доволно време, е една од главните теми која авторките ја разработуваат.

„Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја завземаат сцената“, презентација/ предавање, кое го изведуваат двете авторки има елементи на перформанс кој драматуршки го разработија со заедно со теоретичарот и драматург Рок Вевар од Словенија. Изведбата на оваа презентација/предавање е вид на експериментален формат и структура која има за цел да ги нагласи и истакне условите и контекстот во кој работат културните работници посебно оние кои се дел од независната културна сцена т.е. оние кои работат самостојно и не се дел од државниот или приватниот сектор во земјава.

Оваа нивна презентација се базира на подготовката на иницијативата „Работнички права на културните работници – Позиција на културните работници во независната културна сцена во Македонија“ која се подготвуваше во изминативе неколку месеци, во работни групи во кои учествуваа Биљана Тануровска – Ќулавковски, Ивана Васева, Виолета Качакова, Ивана Драгшиќ, Нада Пешева, Сафет Ахмети, Никола Узуновски, Мирко Попов, Ненад Тонкин, Гоце Наумов, Влатко Георгиев, Климент Попоски, Елена Ристеска, Сабрина Железник, Анастасија Петреска, Горјана Јордановска, Сања Арсовска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Симона Димковска и Милан Живковиќ.
Целта на оваа иницијатива е од позицијата на учесници во независната културна сцена да се преиспита терминот културен работник – слободен уметник и стручњак за култура, односно да се дадат предлози за негово (ре)дефинирање во рамки на „Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и нaчинoт на обезбедување поволни услови и надоместоци од средства на републичкиот буџет, на самостојните уметници“ како и Законот за култура.
Од истражувањето и праксата може да се заклучи дека во државата сеуште се практикува класичната поделеност на уметностите според која се одредуваат и верификуваат професиите во полето на уметноста и културата. Може да се заклучи дека не се пратат новите тенденции во уметноста и културата и „поновите“ професии не се вклучуваат во официјалниот дискурс или практика, или поточно во правната регулатива. Поради тоа, не се валоризира трудот, работата и учеството во градењето на сцената на одредени чинители на културната и уметничката сцена.

Васева и Тануровска – Ќулавковски претходно заедно соработувале на повеќе проекти меѓу кои и дискусијата/игра „Како да направиш фестивал со 100 евра и со 1 милион евра?“ која досега беше изведувана во Скопје, Битола и Љубљана. Со овој најнов проект тие ја продлабочуваат соработката во истражувањето, создавањето и изведувањето на нови формати на презентација и предавање на специфични теми во полето на културата.

Предавањето/ презентацијата како и иницијативата се разви во рамки на проектот „Култура за граѓански промени“ на организација на „ФРУ – Факултет за работи што не се учат“ Битола/ Скопје кој е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија. Партнери на проектот: Плоштад Слобода, Скопје; Центар за современи уметности, Скопје; Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, Скопје и Фондација за развој на локалната заедница, Штип.

Биографии:

Биљана Тануровска – Ќулавковски активно дејствува во полето на независниот културен сектор, иницира, програмира и раководи со многубројни проекти поврзани со современите изведувачки уметности, културни политики, модели на соработки, едукација, фестивали и институции. Коосновач и извршен директор е на НВО „Локомотива“ од 2003 година, што ги кооснова “Кино Култура“ – простор за современи изведувачки уметности и современа култура, и „Јадро” – Асоцијација на независната културна сцена, каде што е дел од Управниот одбор. Во 2005 година ја кооснова и активно ја развива „Номад Танц Академија“ – платформа за современ танц. Работи како консултант на програма за Европската фондација за култура, консултант за развој на методологија за стратегија за култура на град Скопје, и развој на регионалната стратегија за културен развој на пелагонискиот регион. Фокусот на нејзиниот професионален интерес е во истражувањето на културните политики, проблематизирање на нивното влијание врз развојот на социокултурниот систем, работните услови, уметничката практика и управувачките модели на институциите. Работи како предавач на ФМУ во Скопје, а и независно, и како (ко)уредник на публикации и списанија. Објавува стручни текстови во поле на изведувачките уметности, културна политика и менаџмент во културата. Таа е дипломиран историчар на уметност и магистер по интеркултурализам, менаџмент во културата и културна политика. Во моментот е докторанд на Факултетот на драмски уметности во Белград.

Ивана Васева / биографија/ види КОНТАКТ


 

Третиот истражувачки проект кој беше продуциран е Женското тело во јавните институции – женското тело во отпор, во авторство на Ивана Драгшиќ под дискурзивно и теориско менторство на Славчо Димитров и кураторство на Ивана Васева. Проектот беше претставен во форма на „Речник на искуството“ на женското тело во јавните институции и женското тело во отпор кој беше изведен во перформативна форма. Тој речник се состои од најчесто користени зборови од жените при споделување на искуствата, зборови со кои се именуваат предметите симболични за искуството и зборови до кои е дојдено преку сублимација на многу текстови и зборовни игри.