За нас/ About us

КРАТКО ИНФО ЗА АКТО И ФРУ:

Здружението за уметност и култура ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје е замислено како отворена едукативна и продукциска платформа во полето на современата уметност и култура, со фокус на култивирање на критичко, ангажирано и активно учество на граѓаните во политичкиот, општествен и уметнички контекст во различни средини.

Идејата за факултет или едукативна програма која се состои од нешта/субјекти/часови кои не се учат но се иманентни за човечкото секундарно знаење инсистира на принципот на делење, соработка, само-организирање и заедничко учење. Основана е во 2003 г, како платформа преку која неколку уметници и студенти по театар, визуелни уметности и архитектура можат да продуцираат настани од областа на современата уметност и култура.

ФРУ ги базира своите активности на:

  1. ЈАВНА ПРОГРАМА чија цел е создавање на отворена и критичка практика во земјата, која ги адресира прашањата на недостаток на млади, информирани и образовани луѓе и публика, како и потребата за дијалог помеѓу уметниците и публиката, во полето на ангажираната граѓанска култура преку алтернативно образование и нови хибридни форми на акција. Оваа програма исто вклучува и издавање и презентација на публикации со релевантни тези и теми за областа на современата уметност и култура.
  1. АКТО фестивалот за современи уметности (кој за првпат се одржа во Битола, 2006) се истакната како сериозен партнер во промовирањето и продукцијата на нови форми на влијание врз јавната свест, локално и регионално, како и во воведувањето нови начини на вклучување на волонтери и млади луѓе кои гравитираат околу, учат и помагаат за време на фестивалот. АКТО соработувал со неколку регионални организации во проектни партнерства, и досега имал 11 изданија, каде учествувале околу 600 уметници. Оваа година, АКТО, обновен и ребрендиран како ПОП АП АКТО, се одржа во 4 града (Битола, Скопје, Штип и Тетово) и соработуваше со повеќе од 250 учесници, 30тина партнери, имаше околу 70 волонтери и вкупно публика од околу 10 000.
  1. Наградата за млад визуелен уметник – ДЕНЕС во Македонија (коорганизатор заедно со ЦАЦ – Скопје) на која се работи заедно со партнерите Тrust for Mutual Understanding и Residency Unlimited od Њујорк.

Организацијата, во периодот од 12 години откако е создадена, учествувала во неколку регионални платформи во полето на современата уметност и култура, остварила плодна соработка со голем број на интернационални фестивали, како Perforacije (Загреб) и Culturescapes (Базел); била дел од неколку мрежи како BCC – Balkan Can Contemporary и Urban Hum (Урбани зуења), проектот Документарно везење, како и долгогодишните проекти Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност, Култура за граѓански промени, Кога зградите би можеле да зборуваат, итн.

ФРУ – Факултет за работи што не се учат, Битола/Скопје

Адреса: Христо Узунов 3Е

7000 Битола, Македонија

akto-fru.com

Tel. +389 70 700 998

+ 389 70 905 212

/////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////

SHORT INFO ABOUT AKTO AND FRU

The organization for art and culture FRU – Faculty of things that can’t be learned from Bitola/Skopje is devised as an open educational and production platform in the field of contemporary art and culture, with a distinct focus on cultivation of critical and engaged relations and active participation of citizens to the political, social and artistic context in different environments.

The idea of the faculty or an educational platform which is consisted on things/ subjects/ classes that cannot be learned but are immanent of human’s optional knowledge insists on the principle of sharing, collaboration, self organization and mutual learning.

It was established in 2003 as a platform of several artists, theatre, visual arts and architecture students for production of contemporary arts and culture events.

FRU bases its activities on:

  1. PUBLIC PROGRAM aimed at creating open and critical practice in the country that addresses the issue of deficiency of informed and educated young people and audience and the need for a dialogue between the artists and the audience in the field of civic engaged culture through alternative education and new hybrid formats for action. This program also includes publishing and presentation of publications on theses and topics relevant in the field of contemporary art and culture.
  1. AKTO Festival for contemporary arts (started in Bitola, 2006) that has imposed itself as a serious partner in promoting and producing new forms of influence on the civil consciousness, locally and regionally as well as introducing ways of including volunteers and young people that gravitate, learn and help the festival. AKTO has been cooperating with several regional organizations in partnership projects, executing 11 editions so far, with the participation of about 600 artists. This year AKTO, renewed and rebranded under POP UP AKTO, was created in 4 cities (Bitola, Skopje, Shtip and Tetovo) and collaborated with around 250 participants, 30 partner entities, including 70 volunteers, and around 10 000 people audience.
  2.  DENES Young Visual Artist Award in Macedonia (co-partner with CAC – Skopje) which is done with the              partners Trust for Mutual Understanding and Residency Unlimited in NY.

The organization, in the scope of the 12 years since it was established, has taken active part in several regional platforms in the field of contemporary art and culture,  has realized a fruitful colaboration with a number of international festivals, such as Perforacije (Zagreb) and Culturscapes, (Basel); has been a part of networks, such as the BCC – Balkan Can Contemporary and Urban Hum, the Dokumentarno vezenje (Documentary Embroidery) project, as well as long-term projects such as Listening to the Audience, Living libraries: archives of civil disobedience, Culture for civil changes, If buildings could talk, etc.

FRU – Faculty of things that can’t be learned, Bitola/ Skopje

Address: Hristo Uzunov 3E

7000 Bitola, Macedonia

akto-fru.com

Tel. +389 70 700 998

+ 389 70 905 212